Маск претстави нова опција на Twitter – читање заклучени медицински текстови

- Advertisement -

Извршниот директор на Twitter, Илон Маск, сака да воведе нова опција која на читателите им овозможува купување на одделни написи со еден клик. Ова на корисниците им овозможува да платат повисока цена по напис кога повремено сакаат да прочитаат некој напис, вели Маск. Во изминатите неколку месеци постоеја неколку сервиси кои нудеа поединечна продажба на медиусмки содржини, но не успеаја да воспостават бизнис модел.

Во теорија, корисниците на Twitter тогаш би имале полесен начин да прочитаат заклучени содржини на интернет страниците кои ретко ги посетуваат. Маск имаше неколку спорови со медиумите во период од шест месеци откако е сопственик на Twitter, а на новинарите на кратко им беше забрането да комуницраат со него откако известуваа за движењето на приватниот авион на Маск.

- Advertisement -

Големи контроверзии настанаа откако Twitter, на профилот на Маск, привремено ги означи јавните медиуми како NPR и BBC како државни. NPR и канадската телевизија CBC ги стопираа своите активности на Twitter во знак на протест.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: East Anglia Bylines)

Сподели!
- Advertisement -