Патот до подобрата верзија од себе започнува со WellMe тестот во Синлаб

- Advertisement -

Постојано сме во потрага по нови начини и средства како да се чувствуваме подобро. Воведуваме нов начин на исхрана, започнуваме со ригорозни диети или пак со специфична исхрана, a спортувањето и физичката активност скоро секогаш се неизоставен дел во потрагата по подобра верзија од себе. Некогаш овие промени може да предизвикаат стрес на организмот што често се случува наместо позитивен резултат, лошо да се одразат и да предизвикаат сериозни последици по здравјето и воопшто по психофизичката состојба.

Промените започнете ги со јасна слика за она што му потребно на вашето тело, за она што му недостига, но и за она што му предизвикува оптоварување.

- Advertisement -

Проверката на здравјето и на здравствената состојба е првиот чекор од овие промени. Добиените резултати може да имaат многу поголем корисен аспект отколку само информација за внесување промени во исхраната и активноста. Ваквите тестови и анализи може да бидат пресудни и за зачувување на здравјето и превенирање на многу болести.

Тестот WellMe кој се прави во SYNLAB овозможува да се информирате за здравјето и е клучен за откривање на сериозни хронични состојби, како хипертензија, срцеви заболувања и дијабетес. Содржи повеќе внимателно избрани анализи што даваат јасна слика за здравјето, во која било фаза од животот. Предноста од користење на WellMe пакетот е во тоа што овозможува избегнување и спречување на одредени здравствени состојби додека се во рана фаза. Сериозните здравствени состојби го оптоваруваат семејниот финансиски буџет, а овој тест може да ги намали трошоците за здравствена заштита затоа што ги открива првичните сигнали доколку нешто не е во ред со здравјето.

- Advertisement -

Заради големата примена и користа од вакви анализи SYNLAB креираше WellMe пакети за сите возрасни категории. Во зависност од анализата, специјалистите од оваа лабораторија ги собираат информациите преку различните тестови, а постапката е брза, лесна и безболна.

Изберете го пакетот што најдобро ви одговара и закажете тестирање онлајн на следниот линк. Подобрете ја вашата здравствена слика, бидете најдобрата верзија од себеси со WellMe пакетите на SYNLAB и инвестирајте во вашето здравје.

Сподели!
- Advertisement -