ВИДЕО: Виртуелна прошетка по мостот на вселенскиот брод Ентерпрајз

- Advertisement -

Нов веб портал на фановите на франшизата „Ѕвездени патеки“ и на други љубопитни луѓе им овозможи да го истражат вселенскиот брод Ентерпрајз од удобноста на својот дом. Преку страницата Roddenberry.x.io може да се истражи мостот на вселенскиот брод, но и други негови делови.

Тие што ќе ја посетат страницата можат да разгледаат различни дизајни и конфигурации на мостови за секое појавување на легендарниот брод во филмовите или ТВ сериите. Исто така, постојат опции за истражување на други бродоти од „Ѕвездени патеки“, како што е Војаџер, а страницата нуди и 3Д модели на многу други бродови, иако е фоскуирана главно на Ентерпрајз.

- Advertisement -

Фановите можат да најдат и временска линија на развојот на бродот во текот на постоењето на франшизата, а може да се прочитаат и информации за значењето на секој дизајн за франшизата „Ѕвездени патеки“.

Според Smithsonian Magazine, Roddenberry Estate, Roddenbery Archive и технолошката компанија OTOY соработувале за да го креираат порталот во чест на серијата „Ѕведени патеки: Пикард“.Во проектот помогнале и некои познати уметници од „Ѕвездени патеки“, меѓу кои и Дениз и Мајкл Окуда, Дарен Дохтерман, Даг ДРекслер и Дејв Блас.

- Advertisement -

Во иднина порталот ќе го содржи и гласот на починатата глумица Маџел Роденбури, која со години го позајмуваше својот глас за компјутерот на Ентерпрајз. Роденбури почина во 2008 година, а Џин Роденбури во 1991 година.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -