Откако компанијата Rimac се реструктурираше и се подели на неколку посебни компании, почна да освојува и нови пазари. Како штo соопштија од Rimac Technology, влегуваат на пазарот за стационарни системи за складирање енергија (ESS) со нова марка, Rimac Energy. Појаснуваат дека нивната одлука е базирана на целта остварување на целосниот потенцијал за производство на обновлива енергија и поттикнување на декарбонизација на енергетските мрежи.
Тимот на Rimac Energy настанал во последната година и пол, а сите тие моментално работат на првата генерација стационарни ESS. Досега развија нова архитектура за батерии, која ги намалува загубите за 50%, а истовремено зазема до 40% помалку површина во однос на другите решенија. Дополнителните технолошки предности вклучуваат продолжен животен век, вградена редундација за поголема достапност, како и конкурентни трошоци на самиот систем и неговата инсталација.
„Во Rimаc секогаш сме мотивирани од иновации и од желбата за поместување на границите на она што е можно во автомобилската индустрија. Меѓутоа, ја препознаваме важноста на решенијата за стационарни батерии за да ја забрзаме транзицијата на обновливи извори на енергија. Со оглед на нашите досегашни резултати на полето иновативни батериски системи, веруваме дека ќе имаме клучна улога во изградбата на на идните енергетски екосистеми во Европа и да ги подигнеме на глобално ниво“ велат од Rimac Energy.
Како што појаснуваат, во првата фза Rimac Energy ќе дава решенија во комерцијалниот и во индустрискиот сектор, како поддршка за електроенеергетската мрежа, а решенијата за брзо и мегаватно полнење на батериите веќе се во тек.
Се пофалија дека веќе преговараат со клиенти за неколку проекти, вклучувајќи и пилот-проект со една од водечките компании на полето на обновливата енергија како поддршка за нивните соларни системи и електрани на ветар.
Се очекува дека пулот-системот ќе биде произведен до крајот на оваа година, а пуштањето во употреба е планираноза 3035 година. Сериското производство треба да започне во 2035 година во новиот кампус на Rimac, кој моментално е во изградба
(Zimo)





























