Сакате ли бесплатен телевизор со реклами?

- Advertisement -

Компанијата Teevee Corporation, која ја основаше Илаја Позин, сака бесплатно да дели телевизори. Pluto TV е бесплатна телевизиска услугаза стримигн со огласи во сопственост и под управа на Paramount Streaming одделот на Paramount Global и достапна е во САД и во Европа, а сега изгледа сакаат да ја прошират со хардвер, односно со бесплатни телевизори, на кои компанијата би заработувала од рекламите кои се појавуваат на секундарниот екран на телевизорот.

Тоа значи дека на подарок би добиле Telly телевизор со секундарен екран на кој се прикаѓуваат голаси, кои не би можеле да ги исклучите дури ни ако на телевизорот гледате содржини од надворешни извори.

- Advertisement -

Вградениот екран би бил отприлика висок како паметен телефон и би се протегал преку целата ширина на екранот. Покрај прикажување огласи, вградениот екран доаѓа со разни виџети кои прикажуваат временска прогноза, насловни вести и спортски резултати од NFL, MLB, NBA и NHL.

ако се прашувате како некому му паднало на памет бесплатно да дели телевизори во замена за прикажување реклами, треба да знаете дека главната зарбаботка денес во мултимедиумскиот бизнис е поврзување на стрингинот со огласите. Дури и Netflix наскоро стартува услуга со огласи, која може да стане и бесплатна ако имате доволно огласувачи.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Telly)

Сподели!
- Advertisement -