Во рамките на новата директива за подобра положба на потрошувачите во зелената транзиција неодамна ЕУ претстави закон за право на поравка на производите. Со новите правила на потрошувачите ќе им се олесни поправката на производи за потрошувачка електроника, односно уредите треба да траат подолго, со добра можност за поправка и сервисирање, додека деловите на тие уреди не само што треба да бидат подостапни, туку и поевтини.
Европскиот парламент за новите правила ќе гласа идната недела, а со оглед на тоа дека предложениот текст на законот го поддржуваат речиси сите политички групи, се очекува потврда со мнозинство гласови.
Авторката на законот, Билјана Борзан, нагласи дека покрај споменатотот лесно поправање на производите, потрошувачите ќе бидат подобро заштитени од лажно рекламирање и подобро информирани за тоа кои производители имаат најквалитетни и најдолготрајни уреди.
Уште еден од новитетите на законот, кој ќе стапи на сила на целата територија на ЕУ, е и ознаката за гарантирана трајност која трговците можат доброволно да ја понудат како дополнителна гаранција за трајноста на уредите, која треба да биде исто вредна како законска гаранција од две години. На пример, производител на телевизори покрај задолжителната двегодишна гаранција дава дополнителна двегодишна комерцијална гаранција на трајност. На пакувањето на производот ќе се стави ознаката 2+2. Така купувачот во продавница ќе може лесно и брзо да сспореди кој производ има најповолна ознака, односно кој производител дава подолга гаранција.
Исто така, битен дел од законот е посветен и на информирање за производите и ќе биде противзаконско да се рекламира дека уредот има одреден број работни саати ако тоа не е вистина, додека на купувачите ќе мора да им се каже ако уредот не може да се поправи од некоја причина.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)






























