Светската здравствена организација процени дека корона вирусот убил најмалку 20 милиони луѓе во период од три години, но поради различните критериуми на броење на жртвите од земја до земја и политички чувствителната природа на здравствените податоци, невозможно е да се знае точниот број на починати од тој вирус.
Официјалниот извештај на СЗО покажува дека 6.9 милиони луѓе починале од корона вирусот до 3 мај годинава, а тој податок се наоѓа и на страницата на ОН и постојано се ажурира. Како што објаснија истражувачите на СЗО во написот објавен во научното списание Nature во декември минатата година, официјалниот број на жртвите е далеку под реалната ситуација.
Поради недостиг на здравствена инфраструктура, некои земји бавно го откриваа вирусот и поради тоа подоцна ги пријавуваа смртните случаи. СЗО, исто така, наведе дека има и различни критериуми во земјите, па некои пријавувале смртни случаи од корона вирусот ако имале респираторни проблеми.
Во Индија, на пример, каде што експертите стравуваат дека има можеби и најмногу жртви, статистиката оди многу бавно затоа што стапката на морталитет се смета по возраст и по пол.
(Beta)
(фото: coe.int)