Калифорнија го донесе првото правило во светот за забрана на камиони со внатрешно согорување

- Advertisement -

Со цел да се забрза достигнувањето на целите за нула емисија на гасови Калифорнија си даде амбициозна задача – целосна забрана на сите камиони со внатрешно согорување. Државата усвои правило (Advanced Clean Fleets) кое налага сите средни и тешки возила кои ќе се продаваат во земјата од 2036 година натаму да немаат никаква емисија на гасови. Ова следува веднаш по резолуцијата која има за цел да ја намали емисијата на гасови од локомотивите.

Транспортот е одговорен за најголем дел од емисијата на стакленички гасови во Калифорнија, а тешките камиони се одговорни за најголем дел од тоа. Според државните податоци, иако камионите се само 6% од вкупниот број возила по патиштата, нивната емисија придонесува со 35% од вкупната емисија на азотен оксид во транспортот и со 25% во вкупната емисија на стакленички гасови од транспортот.

- Advertisement -

Новата регулатива се однесува на сите класи тешки камиони кои тежат над 11,7 тони. Правилото налага сите камиони кои вршат достава до крајната дестинација и камионите кои се паркирани д 2035 година да се префрлат на други горива, останатите камиони и тракторите тоа да го направат до 2039 година, а специјалните возила до 2042 година. Од производителите ќе се бара да ги заменат своите возила со горива со нула емисија на гасови, како што се електрични со батерии или возила на водород ако сакаат да продолжат да продаваат во Калифорнија.

Според проценките, со оваа регулатива ќе се заштедат 26,6 милијарди долари кои се трошат на третирање напади на астма, итни посети во болница и респираторни болести. Освен тоа, се проценува дека до 2050 година операторите со камиони ќе заштедат 48 милијарди долари од вкупните оперативни троѓоци.

- Advertisement -

Освен тоа, оваа иницијатива се очекува да ја намали емисијата на стакленички гасови за 17 милиони метрички тони то 2040 година. Калифорнија ќе инвестира 3 милијарди долари во периодот од 2021 до 2025 година во камиони и инфраструктура со нула емисија на гасови.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото:Wikimedia )

Сподели!
- Advertisement -