Најавени три нови инвестиции во ТИРЗ

- Advertisement -

Нови три инвестиции во Македонија до крајот на јуни најави денеска директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Инвестициите локациски ќе бидат во Кичево, Скопје и Скопје-Штип, а исто така индустриската зона ќе ја добие и првата инвестиција на голема македонска компанија.

- Advertisement -

Анализите на ефектите од државната поддршка на инвестиции и резултатите од работењето на компаниите во ТИРЗ покажуваат позитивни резултати.

Бројот на вработени расте и во моментов има 16.700 лица ангажирани во компаниите, а исто така забележан е прогрес на платите во ТИРЗ во однос на платите во националната економија.

- Advertisement -

„Имаме сериозен раст на уплатите во буџетот од страна на компаниите. Минатата година имавме раст од 35 отсто по основ на придонеси воп однос на 2021“. Она што исто така ме радува е динамиката на раст на платите. Динамиката на раст на нето платата во зоните ја надминува нето платата во државната економија. Раст од 13 проценти во 2022 во однос на 2021 година“, изјави, Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Во моменти кога државата се бори со проблемот од недостаток на работна сила, Деспотовски истакна дека таквиот проблем во индустриските зони е помалку изразен.

- Advertisement -

Извор: kanal5.com.mk

Сподели!
- Advertisement -