40-ина експертски домашни и странски говорници – Последна можност за регистрација на првата Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

- Advertisement -

Регистрацијата и обезбедувањето билети за првата Конференција за комерцијални недвижности трае само до 08.05.2023 г. (понеделник). Купувањето билети за конференцијата е достапна преку официјалниот сајт на ФОРТОНМКА за сите заинтересирани лица за оваа индустрија.

Оваа прва Конференција за комерцијални недвижности, иницирана и организирана од ФОРТОНМКА, ќе се одржи во Скопје, Македонија, на 10 мај 2023 година во Хотел Хилтон (DoubleTree by Hilton Hotel Skopje).

- Advertisement -

Настанот е уникатна можност за локалните, како и меѓународни професионалци од индустријата за недвижности, да се спојат на едно место, како и да бидат дел од професионално и модерно вмрежување со конкретни дискусии за најновите трендови во сферата, како и дебатирање на бројни и различни перспективи, а воедно и предизвици на оваа индустрија во земјата и пошироко.

Во склоп на оваа конференција од овојвид којашто ќе се оддржи за првпат во држата, во склоп на програмата ќе се обратат и учествуваат врвни домашни и странски експерти, кои ќе се вклучат како говорници во експертски панел дискусии. Експертите на различен начин се активни и во инвестиции и развојот на индустријата за недвижности и се очекува значително да допринесат и да го збогатат настанот со своето присуство и експертиза, преку кое ќе ги споделат на присутните своите искуства како носители на големи одлуки во светот на недвижнините.

- Advertisement -

На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат 40-тина експертски говорници и модератори.

Панел дискусиите обработуваат диверзифицирани теми за коишто е потребна конкретна дискусија токму од оние со највисоко ниво на експертиза.

- Advertisement -

Од 09:20 до 10:20 ч. ќе трае првата панел дискусија „Инвестиции на пазари во развој“ каде говорници ќе бидат Сергеј Којнов (Управувачки Партнер, ИНТЕЛИ ВЕЈ Сервицес), Маја Останек (Директор, Фонд за недивижности АЛФИ), Стела Дами (Партнер и раководител, Колиерс Интернационал), Јован Деспотовски (Директор, Дирекција за технолошки индустриски развојни зони), Олга Дервенџи (Менаџер за деловен развој, ФОРТОНМКА). Успешна приказна за комплексот ГРАНД СКОПЈЕ ќе биде споделена од Леонид Антиќ (Член на Управен одбор, ГРАНД Скопје).

Втората панел дискусија „Финансирање на проекти“, ќе трае од 10:20 до 11:20 ч. ќе се обратат говорниците, – Владо Бојаџиевски (Помошник директор, Виш банкар, ЕБРД СКОПЈЕ), Александар Тодоров (Директор, филијала за корпоративни клиенти, ПРОКРЕДИТ БАНКА), Игор Стојнев (Консултант, ЖИКОЛ Груп), Марија Томеска (Претседател на управен одбор, Еуролинк Осигурување), Елмедин Адеми (Извршен директор, ЕУРОВИА ГРУП), Кан Мемед (Директор на Дирекцијата за корпоративен маркетинг и проектно финансирање, ХАЛКБАНКА АД СКОПЈЕ). Успешна приказна за Поинт Ритеил Парк Скопје, ќе сподели Дарко Панчевски (Генерален менаџер ПОИНТ РИТЕЈЛ ПАРК).

Третата панел дискусија ќе трае од 12:10 до 13:10 ч., на тема „Потреба за развој на логистички паркови“. Говорници на овој панел ќе бидат Влатко Ѓуричек (Генерален директор за Србија, БЕСИКО), Влатко Безоски (Директор за продажба и маркетинг, Quehenberger Logistics Macedonia), Дејан Јакимовски (Извршен директор, ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ – СКОПЈЕ), Јири Суремка (Генерален управувачки партнер, complexRE), и Игор Трпковски (Генерален директор, СПОРТ ВИСИОН).

Четвртата панел дискусија ќе се оддржи со гости од регионот, со проект-презентација. Oвој панел ќе трае од 13:10 ч. – 13:50 ч., на тема „Што носи иднината за канцеларискиот простор?“. Говорници ќе бидат претставник од ГРАНД СКОПЈЕ, Миа Зечевиќ (Сопственик, Извршен директор, НОВАСТОН), Илија Господинов (Претседател на управен одбор, МАСИТ Стопанска Комора за ИКТ), Мања Крижник (Оперативен менаџер, КАМАК СПЕЈС), Иван Мирковски (Извршен директор, СМАРТ Ливинг Груп), Катарина Николов (Извршен директор ФОРТОНМКА).

Успешна приказна за АЛКАЛОИД АД Скопје ќе сподели Димитар Ристовски (Корпоративен секретар, АЛКАЛОИД АД Скопје).

Петтата панел дискусија, на тема „Да се ​​направи влијание. Што значи ESG?“ ќе трае од 14:40 – 15:30 ч. Говорници се Димитар Ристовски (Корпоративен секретар, АЛКАЛОИД АД Скопје), Наташија Ли (Директор ЕСГ ПРО), Ивица Јевтиќ (Адвокат и Управувачки партнер, Адвокатско Друштво Тошиќ и Јевтиќ Скопје), Дејвид Остир (Извршен директор, CAMAC Group).

Шестата и последна панел дискусија на конференцијата, ќе се одржи од 15:30 до 16:30 ч. на тема „Пазар на станбен простор“. Говорници ќе бидат Мартин Пановски (Архитект на проектот ГРАНД Скопје и косопственик РАДИУС АРХИТЕКТИ), Александар Стефанов (Член на управен одбор ФАБРИКА КАРПОШ АД), Велимир Петровски (Директор за продажба, КНАУФ), Фатмир Етеми (Сопственик, Генерален директор, ЗСФ КОМ), Александар Ивановски (Сопственик, Генерален директор ПОРТА ИНЖЕНЕРИНГ ГРУП), и Сашо Цветковски (Раководител на оддел за станбен простор, ФОРТОНМКА).

Главен модератор на конференцијата ќе биде Џејмс Дирсли, Ко-основач, Unissu, а настанот ќе го отворат претставници на Cushman & Wakefield | ФОРТОНМКА. Сите учесници ќе имаат можност да лоцираат нови деловни можности за соработки и инвестирање, а воедно и да го прошираат своето знаење на овој пазар. Сите информации поврзани со конференцијата и говорниците, можат да се дознаат на официјалната веб страна на ФОРТОНМКА: https://realestateconference.mk/mk/дома/#

ФОРТОНМКА е врвна советодавна компанија лоцирана во Скопје, Македонија, која нуди целосен опсег на професионални услуги во секторот на комерцијални недвижности и претставува независно поседувана и управувана компанија, којашто е стратешки партнер на CUSHMAN & WAKEFIELD (најголемата светска компанија за советување во приватна сопственост за недвижности со 400 канцеларии во 60 земји и со повеќе од 50.000 вработени).

Сподели!
- Advertisement -