Во Шкотска, Обединето Кралство, почнаа да возат целосно автономни автобуси. Првиот автобус на Stagecoach вчера ги повезе првите патници по рута долга речиси 10 км преку мостот Форт Роуд. Само двајца членови на персоналот биле во автобусот – продавач на билети и резервен возач кој треба да реагира во случај да е потребно. Но, од компанијата ги уверуваат патниците дека патувањето со автобус без возач е целосно безбедно.
‘На сите кои се плашат да се возат со автобусот сакам да им порачам дека се преземени сите безбедносни мерки и дека возилото е сертифицирано како безбедно за јавна употреба“ изјави директорот на Stagecoach, Сем Грир.
Флота од вкупно пет автономни автобуси ќе ги превезува патниците од Фери Тол, Фајф и Единбург Парк. Автобусите може да возат со максимално 80 км на час.
Пуштањето на автобусите во употреба следува откако министрите на шкотската влада најавија грантови од 40 милиони фунти за воведување на автономни автобуси и комбиња по улиците на Обединетото Кралство до 2025 година.
Stagecoach ја тестира технологијат за автономни автобуси од 2019 година досега, меѓутоа не по отворени патишта. Досега автобусите имаат поминато 11,6 милиони километри во тест возење и ќе се тестираат по отворени патишта до 2025 година.
(Daily Mail)
(фото: Stagecoach)