Атлантик Група во Скопје го отвори најсовремениот складишно-дистрибутивен центар

- Advertisement -

Атлантик Група вчера и официјално го отвори новиот, современо опремен дистрибутивен центар во Скопје, кој обезбедува соодветна логистичка поддршка за долгорочен развој на дистрибутивната дејност.

Инвестицијата во изградба и опремување вредна околу 12 милиони евра е реализирана во соработка со партнерската компанија Вичишки, во период од 18 месеци. Она што го прави проектот особено интересен се неговите амбиции на полето на дигитализацијата на магацинското работење, така што новиот логистичко дистрибутивен центар е вистински полигон за тестирање на новите технологии кои се веќе инсталирани или се во процес на имплементација.

- Advertisement -

Новоизградениот објект ги обединува вкупните складишни капацитети на Атлантик Група на подрачјето на Скопје и е централен логистички центар за македонскиот пазар. Оптималната географска локација, земајќи ги предвид сите значајни елементи за обезбедување на деловната исплатливост на проектот (транспортни растојанија, трошоци и сл.), беше пронајдена во многу пропулзивната индустриска зона на населбата Илинден во околината на Скопје.

Во првата фаза е обезбеден капацитет за складирање од 10.000 палетни места, а модерниот високо-регален објект има можност за дополнително модуларно проширување во согласност со деловните потреби, што обезбедува долгорочна одржливост и поддршка за понатамошен развој на дистрибутивниот бизнис.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -