Шведска е пионер кој сега може да се пофали дека го има првиот електричен пат за трајна употреба во светот. Оваа револуционерна иницијатива ќе им овозможи на електричните автомобили и камиони да ги полнат батериите додека возат и целосно ќе го смени одржливиот транспорт.
Шведската администрација за транспорт, Trafikverket, е таа која ја предводи оваа иницијатива и го избра автопатот E20 како идеална локација за овој пионерски потфат. Автопатот долг 21 км, кој се протега од Халсберг до Оребро, помеѓу Стокхолм и Готенбург, има одличен потенцијал за развој на електричен сообраќај. Моментално е во фаза на набавка и финално планирање, а се очекува електричниот автопат да биде отворен за јавноста до 225-2026 година.
Како ќе функционира овој иновативен систем? Trafikverket се уште се нема одлучено која технологија ќе се користи за автопатот, но во игра се три опции: надземно кондуктивно, површинско кондуктивно или површинско индуктивно полнење. Во случајот со надземното кондуктивно полнење електричната енергија се пренесува преку воздушни жици и пантограф до возилата, слично како на трамваите. Овој метод е најпогоден за тешки возила.
Површинското кондуктивно и индуктивно полнење функционираат слично. Енергијата се пренесува по специјализирани шини или жици поставени под или на самиот пат, Возилата се полнат со енергија преку механичка рака или прачка која ги површува со жиците, односно шините.
Trafikverket досега има направено тестирања во Лунд, Готланд и во Сандвикен, со особен фокус на камиони и автобуси. Проценето е дека електрификацијата на патиштата помеѓу поголемите градови ќе ја намали емисијата на стакленички гасови од возилата за 1,2 милиони тони до 2030 година.
Според амбициозниот план на шведската влада, до 2030 година треба да се изградат вкупно 2.000 км електрични патишта во земјата.
(Interesting Engineering)
(фото: Wallpaper Flare)