Конечно и во Скопје ќе може да се изнајмуваат електрични тротинети

- Advertisement -

ЈП Градски паркинг-Скопје почна со реализација проектот за изнајмување 500 електрични тротинети, стационирани на 19 базни станици низ градот.

– Сите електрични тротинети се опремени со GPS уред, а со цел зголемена безбедност на корисниците, нивната максимална брзина може системски да се ограничува до 24 километри на час, информираа минатата недела од претпријатието. 

- Advertisement -

Целта на овој проект, како што велат оттаму,  е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните да користат алтернативни начини на превоз, со што би се намалило загадувањето од возилата учесници во сообраќајот. 

Извор: skopjeinfo.mk

Сподели!
- Advertisement -