Ако денес патувате од Лондон до Сиднеј, најдобро е да се наоружате со трпение затоа што патувањето со авион може да потрае дури 22 часа. Но, на ова би можел да се стави крај за десетина години отсега.
Имено, истражувњето кое е објавеново списанието Aerospace Medicine and Human Performance проценува дека летовите на големи растојанија во иднина би можеле да траат кногу пократко. Како? Благодарение на суборбиталните летови.
Според предвидувањата, патницте во иднина би летувале со ракета со до висина од 100 км, а потоа субортбитално би продолжувале да се движат до крајната локација на Земјата.
Прашањето што се наметнува е дали човечкото тело може да го поднесе тоа. Како што наведуваат медицинските експерти од Обединетотот Кралство, патниците при таквите летови би имале проблеми со дишењето, но и привремено ќе го губат видот поради делувањето на гравитациската сила. Интересно е тоа што постарите патници подобро би ги поднесувале тие предизвици поради стеснетите артерии, кои би го намалиле дотокот на крв до мозокот.
Според истражувањето кое го напшравија Управата за цивилно воздухопловство на Обединетото Кралство, Кралските воздушни сили и Кралскиот колеџ во Лондон, патниците при полетувањето би осетиле 4G сила во времетраење од отприлика 30 секунди и при спуштањето сила од 6G во траење од 10 до 15 секунди.
Иако таквите притисоци во просек луѓето можат да ги поднесат, се поставува прашањето колку често ќе може да се лета така без некакви последици по здравјето. Од друга страна, се поставува и прашањето колку би чинеле таквите летови. Моментално суборбиталните летови чинат од 650.000 до 1 милион долари. Управата за цивилно воздухопловство на Обединетото Кралство проценува дека летот од Лондон до Сиднеј на почеток би можел да чини дури 350.000 долари, но со се поголемата побарувачка таа цена би се намалила.
Колку и да е привлечно да можеме да појдеме на ручек во Сиднеј и да се вратиме до вечерм изгледа дека во блиска иднина тоа ќе може да си го дозволат многу богатите и тие со дробро здравје. Останатите ќе треба да патуваме со класичните воздушни линии.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)