Петиција за забрана на TikTok во Црна Гора

- Advertisement -

Во Црна Гора е покрената петиција за забрана на социјалната мрежа TikTok, а фрмуларот за електронско потпишување е објавен на официјалниот сајт на Црна Гора. Во текстот на петицијата се истакнува дека оваа платформа има лошо влијание на децата и на младите затоа што огромен број луѓе прикажуваат непримерни содржини.

„Таква иста содржина креираат и нашите најмлади во надеж дека ќе станат популарни, што е една од погрешните вредности кои се потенцираат на платформата – популарноста. Децата би требало да живеат детски животи, да имаат детство, да уживаат во секој ден од својот живот, а не да бидат популарни и да имаат примери кои ништ нема да ги научат“ се вели во петицијата.

- Advertisement -

Петицијата е покрената после низа инциденти поради следење на TikTok, а посебно откако во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ неодамна 14-годишен ученик со огнено оружје уби 10 лица, од кои 9 му биле другари од ист клас.

(021)

- Advertisement -

(фото: Unsplash)

Сподели!
- Advertisement -