Американски стартап дели бесплатни телевизори – за нецели два дена се пријавиле 100.000 луѓе

- Advertisement -

Сите сакаат да имаат најнов и најголем телевизор, но што кога би можеле бесплатно да добиете 55-инчен телевизор? Токму тоа планира да го направи американскиот стартап Telly.

Но, иако корисниците на телевизорот треба да го добијат бесплатно, тој нема да биде така бесплатен. Елегантниот телевизор доаѓа со уште еден екран на кој непрекинато ќе се прикажуваат огласи и реклами. Од Telly велат дека другиот екран ќе прикажува и корисници информации како временска прогноза или берзански информации.

- Advertisement -

Telly планира да отиде чекор понапред и на двата екрани кога нема да се користат да се прикажуваат реклами и огласи прилагодени на навиките и интересите на корисниците.

Освен што ќе има два екрани, Telly има вклучено и камера за, како што велат, бесплатни напредни фитнес програми за следење на движењата. Велат дека може да се прекрие камерата за да се осигура приватноста, но не наведуваат како да се исклучат микрофонот и сензорот за движење кои одат со камерата. Освен тоа, велат дека ќе се следи и историјата на пребарување, поставките, апликациите кои се користат, онлајн шопингот и другите трансакции, кое копче го притиска корисникот, времето, честотата и траењето на активностите и физичкото присуство на корисниците пред телевизорот.

- Advertisement -

Заинтересираните, на кои имањето телевизор им е побитно од приватноста, мора да се пријават во апликацијата на компанијата, да се жители на САД и да пополнат прилично детален прашалник.

Тие што сакаат весплатен телевизор, но не и постојано да гледаат реклами, има опција да се исклучи гледањето реклами по цена од 500 долари. Со оглед на тоа дека во САД пристоен телевизор може да се купи за половина од таа сума, прашање е кој би ја нарушил својата приватност и своите навики за еден телевизор.

- Advertisement -

Сепак, ако им веруваме на тоа што напишаа на социјалните мрежи, за нецели два дена се пријавиле над 100.000 луѓе.

(Zimo)

(фото: Telly)

Сподели!
- Advertisement -