ИЗИИС за Скопје

- Advertisement -

Под мотото „ИЗИИС за Скопје“, тимот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија започна со посебно дизајнирани едукативни посети на деца од претшколска и школска возраст, со што дава акцент на вредноста на рана едукација каде најмладите жители на Скопје имаа можност да го истражуваат фасцинантниот свет на земјотресите преку забавни и динамични презентации и активности.

Организиравме серија интерактивни работилници за најмладите, како потсетник на Скопје и земјотресот пред 60 години. Подготвивме наменски визуелни помошни алатки и практични демонстрации, при што ги запознаваме со концептот земјотрес и на начин соодветен на возраста се фокусираме на теми безбедност, отпорност и подготвеност“ истакнуваат од ИЗИИС.

- Advertisement -

Со оваа серија работилници, оваа етаблирана и меѓународно призната научна институција го започна проектот „Градиме издржливост„ посветен на шесте децении од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје. Одбележувањето на годишнината од настанот, нема само да биде потсетник туку ќе има за цел да ги едуцира новите генерации за безбедноста од земјотресите. Беа посетени неколку градинки, основни и средни училишта низ Скопје,а програма опфаќаше од науката за земјотресите до подготвеност за итни случаи.

После трите недели во кои се одржаа серијата едукативни работилници, проектот на ИЗИИС продолжува кон истражување на сеизмичката сигурност и безбедност на три објекти кои се од особен интерес и се симболи на пост-земјотресно Скопје: МАНУ – Македонска Академија на Науки и Уметности, Музеј на град Скопје и Македонска Радио Телевизија (МРТ).

Сподели!
- Advertisement -