Публиката во Скопје на момент доби можност да го почуствува њујоршкиот нео-експресионизам од осумдесетите, благодарение на претставувањето на третиот дел од колекцијата Swatch Art Journey посветена на Жан – Мишел Баскијат.
На најсоодветната локација за ваков тип на настан Младинскиот Културен Центар, посетителите имаа можност во автентичен амбиент и музика да се запознаат со делата на Мишел Баскијат, како и со часовниците инспирирани од уметникот, кои се есклузивно достапни во „Божиновски часовници и накит“.
Трите часовници и специјалниот сет го доловуваат препознатливиот стил на Баскијат и се исполнети со моќни слики и кодови од секаков вид. Секој часовник е ремек-дело сам по себе и ги прикажува необичните композиции и бестрашниот дух на Баскијат.
Во продолжение погледнете ја галеријата со фотографии од настанот:
Разгледајте ја новата колекција часовници на Swatch инспирирана од делата на Жан-Мишел Баскијат на следниот линк.