ВИДЕО: Автономниот хеликоптер на Airbus успешно леташе во услови во кои не летаат пилоти

- Advertisement -

Компанијата Airbus успешно направи морски тестови на својот автономен дрон хеликоптер VSR700 при брзина од ветрот поголема од 40 јазли, односно 74 km/h. Хеликоптерот летал во услови кои ги избегнуваат дури и искусните пилоти, а во него немало ниту еден член на екипажот. Бепсилотните хеликоптери изгледаат необично, но нивната улога во војската е огромна и може да биде смртоносна. Од операции против подморници до спасувачки мисии, дроновите со ротори може да вршат многу улоги во извиднички, известувачки и надзорни мисии.

Прототипот VSR700 ги поместува границите на она што дроновите досега можеа да го прават и има некои фантастични резултати. Претходно ATOL системот (Аutonomous Takeoff and Landing) дизајниран на модифицираниот мал хеликоптер Guimbal Cabri G2, но во неодамнешните тестови дронот по прв пат делуваше како комплетен систем и леташе во оперативна конфигурација над морето. Дронот се движи со помош на дизел моторот Thielert Centurion 2.0, кој развива 15 коњски сили и кој може да понесе 100 кг товар.

- Advertisement -

Со перки долги 7 метри, дронот може да крстари со брзина од 220 км/ч и на висина до 6.000 метри. Во лет може да помине 10 часа, дупло повеќе од стандардните хеликоптери.

ATOL системот е тестиран во 80 операции за време на лет. Системот на Airbus, DeckFinder му овозможува на дронот да полета и да слета на палуба на фрегата со прецизност од 10 см без потреба за GPS или слични навигациски системи. Компанијата тврди дека прецизноста на системот е исто добра во услови на нулта видливост.

- Advertisement -

VSR700 леташе и во услови на ветар кој дувал со брзина до 74 км/ч, што се смета за силна бура при која на море се појавуваат бранови високи од 7 до 10 метри. Дури и искусните пилоти одбиваат да летаат во вакви услови, но прототипот VSR700 помина 8 часа во воздух во текот на 14 летови и успешно слета.

Airbus веќе работи на втор прототип на хеликоптерот VSR700, кој ќе биде тестиран подоцна годинава.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -