Компанијата RocketLab на 19 јуни 2022 година во вселената го испрати малиот сателит CAPSTONE (Cislunar Autonomous Positioning System Technology Operations and Navigation Experiment) за американската вселенска агенција НАСА, а тој сега ја испрати првата фотографија од Месечината.
Мисијата CAPSTONE има задача да ја тестира стабилноста на орбитата која НАСА планира да ја користи за својата лунарна станица Gateway, а ако се оди според планот, тоа може да биде клучен чекор во плановите на агенцијата за постојано човечко присуство на Месечината. Сега CAPSTONE ја испрати на Земјата својата прва фотографија од овој природен сателит.
Инаку, CAPSTONE е мал сателит со големина на микробранова печка, кој за НАСА го произведе компанијата Advanced Space од Колорадо. Тој ја тестира уникатната орбита околу Месечината наречена NRHO, односно блиската праволиниска орбита. Оваа орбита ќе ја заземе Gateway, станицата која на астронаутите ќе им овозможи брзо да се транспортираат од лунарната орбита на површината на Месечината.
NHO е идеална орбита за Gateway затоа што се наоѓа на прецизна гравитациска точка меѓу Земјата и Месечината, која е многу стабилна, а тоа значи дека не треба да троши многу гориво за да остане во орбитата. Орбитата е многу елиптична, што значи дека CAPSTONE на дури 17.700 км од површината кога се наоѓа во близина на еден од лунарните полови и на 70.000 км далеку од другиот пол.
Сателитот на 3 мај помина во близина на северниот пол на Месечината и ја напарави фотографијата од лунарната површина.
(Klix.ba)
(фото: Twitter)