TikТоk почнува да експериментира со четботови со вештачка интелигенција

- Advertisement -

Четботовите со вештачка интелигенција полека ги освојуваат и социјалните мрежи. Мразот го проби Snapchat кога го претстави четботот MyAI, со кој корисниците ќе можат да поставуваат прашања, да добијат препораки, да им пишува песни и да учествува во разговорот со повеќе корисници.При претставувањето на оваа алатка од Snapchat се извинија за сите потенцијални непријатности кои би можеле да ги имаат со MyAI, а по претставувањето овој нивни новитет наиде на доста критики.

Сега и TikTok се одлучи да експериментира со вештачка интелигенција. Кинеската социјална мрежа почна со тестирање на својата алатка базирана на вештачка интелигенција, но за почеток таа е достапна само на еден пазар – на Филипините. Четботот се вика Tako и на корисниците им се појавува во горниот десен агол од екранот, а улогата му е да го подобри корисничкото искуство на оваа социјална мрежа.

- Advertisement -

Примарната задача на Tako е на корисниците да им помогне до пребарувањето и откривањето содржини за на TikTok да можат да најдат интересни видеа кои ќе ги инспирираат. Исто така, четботот би можел да им дава повеќе информации за некои објави и видеа кои ќе им се прикажуваат на корисниците. Од TikTok порачуваат дека се во рана фаза од истражувањата и дека барем засега, немаат планови за понатамошни тестирања.

Веројатно откако Snapchat не се прослави со својот четбот, ни TikTok не сак да брза со имплементација на вештачка интелигенција во социјалната мрежа. Сепак, нивните идни потези ќе зависат од резултатите на тестирањето затоа што ако се покаже дека бројот на прегледи, како и активноста на корисниците на TikTok значително пораснала со вештачката интелигенција, оваа технологија сигурно ќе почне да се користи и на други пазари.

- Advertisement -

(ZDNet)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -