Компанијата Neuralink, која е во сопственост на мултимилијардерот Илон Маск, соопшти дека добила одобрение за тестирање на мозочните чипови на луѓе. Одобрението го даде Агенцијата за храна и лекови на САД, а станува збор за чипови, односно импланти со кои сакаат на луѓето со инвалидитет да им овозможат повторно да бидат подвижни, и тоа преку поврзување на мозокот со компјутер.
Neuralink уште нема намера наскоро да бара доброволци за тестирање, а претходните обиди за тестирање беа неуспешни. Агенцијата за храна и лекови претходно го одби барањето на Маск за тестирање поради безбедносни причини. Конпанијата на Маск сега се надева дека ќе помогне во лекувањето болести од типот на парализа и слепило. Чиповите, кои веќе се тестирани на мајмуни, се направени така што ги анализираат мозочните сигнали и ги пренесуваат преку Bluetoota.
Најавено е дека тестирањето че биде опсежно и дека ќе преовладуваат технолошки и етички предизвици, а се со цел чиповите на крај да бидат што подостапни. Neuralink е компанија основана во 2016 година, а повеќе пати досега ја има преценто прзината на развојот на овие чипови. Првичната цел беше да почнат да се вградуваат во човечки мозоци во 2020 година, а потоа беше најавено дека тоа ќе се случи во 2022 година. Од компанијата негираат дека при тестирањето е нарушено здравјето на животните на кои се тестирале.
(BBC)
(фото: Neuralink)