Ако сакате летово да биде запаметени на својата омилена плажа, можете да размислите да го купите новиот чамец на компанијата Goboat. Во 2016 година стартапот GoBoat го претстави чамецот со необичен изглед кој собира еден патник во средината на еден голем круг на надувување и може да се склопи. Сега компанијата ја лансираше подобрената верзија GoBoat Gen 2.0 PWC со верзија за деца и за вoзрасни.
Од компанијата велат дека GoBoat 2.0 е многу стабилен и крут благодарение на композитната конструкција AirCore, со три посебни воздушни комори за безбедност и кружен дизајн кој би требало со леснотија да се лизга преку препреките.
Има две седишта на надувување кои се прицврстуваат на нелизгачка палуба заедно со еластични ленти и отвори за додатоци, како и ралки за држење оставени околу работ за полесен транспорт.
Чамецот е тежок 25,8 кг и може да се спакува во торба за носење или во багажникот на автомобилот кога е време за враќање дома, а може да се складира во плакар кога сезоната е готова.
Во пакетот е вклучен и петбрзински елекричен мотор пд 15,8 кг, кој овозможува ктстарење со брзина до 8 км/ч, чиј механизам за автоматско исклучување е поврзан со каиш кој го носите околу струк, а во GoBoat може да додадете уште две U1 батерии.
Верзијата на GoBoat 2.0 за возрасни има дијаметар од 177,8 см и се пртодсва по цена од 1.076 долари, а Mini верзијата со дијаметар од 139,7 см чини 683 долари. Во цената не се вклучени U1 батериите од 12 V/35 AH, кои ќе мора посебно да ги купите.
(Vidi.hr)
(фото: GoBoat)