Oд утре одмрзнување на замрзнатите цени!

- Advertisement -

Вицепремиерот за економски прашања не очекува големи осцилации и зголемување на цените на прехранбените производи, по нивното одмрзнување што треба да стапи во сила задутре. Сепак Битиќи најавува дека Владата ќе ја следи состојбата за да реагира ако евентуално се случи тоа. Вo четврток се одмрзнуваат цените на зеленчукот и овошјето, на белиот и полубелиот леб, маслото за јадење, јајцата, тестенините, млекото и на млечните производи.

Не се очекуваат поголеми осцилации и поскапувања од први јуни, сите улови се исполнети за одмрзнување на цените на производите – велат од Владата. Според вицепремиерот Битиќи, ако има потреба соодветно ќе се реагира, ќе се следи состојбата и кај трговците и кај производителите да се задржат или намалат сегашните цени.

- Advertisement -

Целиот текст е на mrt.com.mk

Сподели!
- Advertisement -