После повеќе месеци ротации на индексот на милијардери на Bloomberg со 500 најбогати луѓе во светот со францускиот тајкун Бернар Арно, Илон Маск повторно се врати на тронот и стана најбогат човек во светот. Ова се случи откако акциите на групацијата LVMH вчера паднаа за 2,6%. Арно сега е втор најбогат човек во светот.
Иако, всушност, нема голема разлика меѓу богатството на овие двајца милијардери – Маск моментално поседува нето-богатство во вредност од 192 милијарди долари, а францускиот милијардер има 187 милијарди долари.
Маск, кој беше на чело на листата од септември 2021 година со богатство од 340 милијарди долари, прв пат падна од таа позиција во декември 2022 година, откако акциите на Tesla паднаа за 50% во 2022 година. Во исто време кој го купи Twitter и му се одбија уште 44 милијарди долари од богатството.
Во февруари 2023 година Маск уште еднаш се искачи на прво место кога Маск додаде 50 милијарди долари на своето богатство. Но, во април Маск изгби 13 милијарди долари од богатството за само 24 часа, а богатството на Арно се искачи на 211 милијарди долари.
Маск годинава има заработено дополнителни 55,3 милијарди долари благодарение на скокот на акциите на Tesla за 66%. Околу 71% од богатството на Маск е поврзано за овој производител на автомобили.
(Interesting Engineering)
(фото: ERP Today)