Конечно знаеме како изгледал познатиот фараон Тутанкамон – научници направија реконструкција на лицето

- Advertisement -

Речиси не постои човек во светот кој не слушнал за Тутанкамонм познатиот египетски фараон кој како дете седнал на престолот, а умрел многу млад. Со векови се зборува за неговата смрт и неговиот живот е мистерија за многу научници. Но, како тој изгледал можеме само да нагаѓаме.

Познатата слата посмртна маска иако дава увид во тоа како може да изгледал кога бил жив, сепак е само уметничко дело. Но, сега благодарение на група меѓународни научници и еден бразислки графички дизајнер, кој се занимава со реконструкција на лица, конечно можеме да видиме како изгледал младиот фараон кога починал. Нивниот научен труд е објавен во списанието Research Gateu.

- Advertisement -

Користејќи дигитален модел на мумуфицираниот череп и цела низа 3Д алатки графичкиот дизајнер Цицеро Моралес вдахнал живот во цртите на лицето на фараонот кој починал пред повеќе од 3.300 години. Ова негово дело е особено битно затоа што поради строгите египетски закони научниците не можеле директно да го скенираат черепот на фараонот, туку користеле претходни фотографии, скенирања и мерења.

Со податоците за пропорциите и некои клучни мерки на главата било возможно да се прилагоди дигиталниот череп на Тутанкамон, вели Моралес и додава дека требало да се процени и големината на усните, позицијата на очите, но и висината на која се наоѓаат ушите.

- Advertisement -

Ова не е прв пат научници да се обидат да го рекреираат изгледот на младиот фараон. Група француски научници тоа се обиде да го направи уште во 2005 година и има сличности меѓу нивната рекреација и најновата од Моралес.

Гробницата на Тутанкамон ја откри британскиот археолог и египтолог Хауард Картер во 1922 година. Тоа е една од најдобро зачуваните и најбогатите гробници ронајдени во текот на ископување, а фактот дека во неа е пронајдена и мумијата на фараонот го привлече вниманието на целата јавност. На Картер и на неговиот тим им биле потребни 10 години за да ја истражат гробницата и предметите пронајдени во неа.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Research Gate/Cicero Morales)

Сподели!
- Advertisement -