Нова мобилна апликација „Мое здравје“ за увид во личните здравствени податоци

- Advertisement -

Од Министерството за здравство (МЗ) информираат дека е достапна новата мобилна апликација „Мое здравје“ преку која граѓаните ќе имаат лесен пристап и увид во личните здравствени податоци.

Aпликацијата вклучува интерактивен пристап кон здравственото досие на секој корисник и дава можност да се има увид во дијагностичките анализи, упатите за специјалистички прегледи, вакцините и сертификатите за вакцинација, во форма на лично здравствено досие.

- Advertisement -

Пристап до апликацијата ќе има секое полнолетно лице со можност да врши увид и како родител/старател во податоците за малолетните лица за кое е одговорен.

Како надградба на дигиталната платформа ‘Мој термин’, изработивме модул со кој граѓаните ќе имаат можност да бидат во тек и да имаат постојан увид во личните здравствени досиеја. Во рамки на апликацијата, секој корисник ќе има можност да пристапи до широк опсег лични здравствени податоци и на таков начин да има максимален увид во сопственото здравствено досие“, изјави Жаклина Чагороска, Проектен Координатор за „Мое Здравје“ при МЗ.

- Advertisement -

Од Министерството за здравство посочуваат дека апликацијата „Мое Здравје“ е изработена за потребите на Министерството за Здравство од компаниите „Кликер“, која работела на дизајнирање на апликацијата и  „Сорсикс“, која ја изработила апликацијата.

„Мое здравје“ може бесплатно да се преземе од страна на сите полнолетни граѓани и е достапна за „Android” или „iOS” оперативни системи.

- Advertisement -

Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -