Архитектонско студио прави облакодери на надувување

- Advertisement -

Архитектонската компанија Zumo објави неверојатрни фотографии на својот профил на Instagram од облакодери на надувување, за кои тврдат и дека се одржливи.

„Замислете огромни облакодери кои се издигаат како колосални балони, го трансформираат изгледот на градот со своето присуство. Ви го претставуваме нашиот револуционерен концепт за облакодери на надувување, кои се спој на чудата на архитектурата и одрливите иновации“ се вели на профилот.

- Advertisement -

Структурите кои личат на балони се уште не се реални. Засега се замо една замисла на Midjourney, но наскоро ќе бидат реални. Илустрациите прикажуваат облакодери кои лебдат над градови како Њујорк или Токио, Лондон или Дубаи. Изгледа дека се направени од лесни и флексибилни материјали и како што велат, тие се одржливи.

Од Zumo не даваат детали за тоа на кој начин овие иновации се одржливи, но веројатно може лесно да се расклопат и да се постават на друга локација ако има потреба. Тие ја претставуваат иднината во која нашите згради ќе се издигаат над градовите без да оставаат карбонски отпечаток.

- Advertisement -

Архитектите можеби ќе земат инспирацијата од Shanghai Tower, одличен пример за тоа кои чекори мора да се преземат за да се направи енергетски ефикасна зграда. Изградена во 2015 година, Shanghai Tower моментално е втората највисока зграда во светот и има највисока енергетска оцена – LEED Platinum.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Zumo)

Сподели!
- Advertisement -