ВИДЕО: Овие „лажни“ банани можат да нахранат 100 милиони луѓе

- Advertisement -

Овие т.н. лажни банани во Етиопија може да бидат решението кое ќе нахрани 100 милиони луѓе во светот. Како што велат научниците, оваа етиопска банана изгледа ќе биде чудесното растение кое ќе не спаси од последиците на климатските промени.

Етиопската банана е многу слично дрво со бананата којашто сите ја знаеме. Моментално со оваа етиопска банана се хранат околу 20 милиони луѓе во Етиопија, но за разлика од бананите коишто ние ги јадеме, плодот на етиопската банана не се јаде, туку се јадат корените и стеблото. Од нив Етиопјаните прават каша и месат леб.

- Advertisement -

Етиопската банана може да порасне високо колку една куќа, а според пресметките на научнциите, 5 такви дрвја може да нахранат едно семејство во период од една цела година.

Оваа банана може да издржи суша, поплави и високи температури. може да се посади и да се исече во кое било годишно време и не е едногодишно, што значи дека не мора да се насади повторно откако ќе се исече.

- Advertisement -

Лисјата и влакната од лисјата и од стеблото може да се користат дури и како градежен материјал. Дрвја слични на етиопската банана растат далеку во Јужна Африка, што значи дека може да се одгледува и пошироко во светот. Користејќи различни модели, научниците пресметале дека ваквите дрвја може да прехранат 100 милиони луѓе во наредните четири децении.

Тоа значи дека ќе помогнат во справувањето со гладот во Уганда, Руанда и во Кенија. Климатските промени не принудуваат да размислуваме за сигурноста на изворите на храна во иднина. Според НАСА, приносите од пченката до 20100 година ќе се намалат за 24%. До 2050 година, пак, половина од земјиштето потребно за одгледување кафе ќе биде непродуктивно.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Geograph)

Сподели!
- Advertisement -