Meta подготвува ривал на Twitter – еве како ќе изгледа

- Advertisement -

Meta на своите вработени им го претстави идниот ривал на социјалната мрежа Twitter, а изгледот на апликацијата протече и на интернет. Интерното име за новата апликација е Project 92, додека според гласините, официјалното име на мрежата би можело да биде Threads.

Од фотографиите кои протекоа може да се види дека интерфејсот е многу сличен на Instagram, но без фотографии. Крис Кокс, еден од директорите на Meta, вели дека идната апликација за новата социјална мрежа ќе го користи протоколот ActivityPub за социјално вмрежување, кој на корисниците ќе им овозможи да ги префрлат своите профили од Instagram на новата платформа, заедно со нивните следбеници.

- Advertisement -

Од Metа веќе рекоа дека апликацијата е нивниот одговор на Twitter и дека автоматски ќе ги наполнат профилите со податоци од корисничките профили на Instagram. Компанијата претходно доби бројни барања од јавни личности и креатори за стабилна алтернатива на Тwitter која би работела транспарентно и би била безбедна за дистрибуција на информации.

Meta им вети на повеќе славни личности дека ќе ја користат новата платформа, а моментално се водат разговори со Опра Винфри и Далај Лама. Развојот на новиот проект за социјална мрежа почна во јануари годинава, а се очекува дека апликацијата наскоро ќе биде достапна за јавноста.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -