RedDress е персонализирано решение за лекување рани направено од сопствената крв на пациентите. Пред неколку дена компанијата објави дека собрале 26 милиони долари во серијата Д од рундите за финансирање од групацијата ATHOS Biopharma GmbH и други инвеститори во науки. Со оваа последна инвестиција вкупно собраните средства на компанијата се 43 милиони долари.
RedDress е пионер на полето на технологијата базирана на крв за третирање хорнични рани поради дијабетес и други здравствени состојби. Нивниот производ ActiGraft е автологно решение за лекување рани кое прави ин витро крвни грутки од сопствената крв на пациентите. Кога ќе се нанесат на раната, овие грутки го забрзуваат лекувањето на раните, служат како заштитен слој и го оптимизираат потенцијалот за заздравување на телото. Производите ActiGraft може да се користат за повеќе видови хронични рани, вклучувајќи дијабетични и неуропатски чиреви, чиреви на вени, рани од удар, рани после операција, исеченици, хируршки рани и сл.
„Лекувањето ни е во крвта и сме благодарни за континуираната поддршка од нашите инвеститори додека напредуваме со мисијата за обезбедување ефективни решенија за лекување хронични и сложени рани преку иновативен систем кој ја користи моќта на сопствената крв на пациентите“ вели извршниот директор и соосновач на RedDress, Алон Кушнир.
RedDress доби одобрение од американската Агенција за храна и лекови во 2020 година и досега нивниот уникатен производ ActiGraft им помогнал на над 6.000 пациенти во различни здравствени установи во САд и во 39 други земји.
(CTech)
(фото: HippoPx)