ВИДЕО: Американски студенти создадоа робот кој убива инвазивни инсекти

- Advertisement -

Тим од студенти од Универзитетот Карнеги Мелон од Пенсилванија, САД, развија автономен робот наречен TartanPest, кој може да уништува инвазивни видови инсекти од типот Lycorma delicatula, кои ги уништуваат економски битните посеви. Роботот се состои од електричен трактор, роботскир аце и компјутерски вид, а благодарение на тоа може да се движи по полињата и по шумите и да открива и да уништува јајца на инсектите користејќи ротирачка четка поставена на крајот на рацете. Четката се врти, ги исфрла јајцата и ги уништува.

Јајчените маси на овие инсекти може да содржат од 30 до 50 јајца и често се наоѓаат по дрвја, карпи, надворешен мебел и зарѓени метални површини, а ако ефикасно не се стопираат, секоја година се раѓа нова генерација штетници

- Advertisement -

“Моментално Lycorma delicatula е концентрирана во источниот дел од Пенсилванија, но се очекува ширење. Со инвестирање во ова решение ќе спречиме големи трошоци во иднина“ изјавија од TartanPest тимот.

TartanPest користи роботска рака поставена во база на електричен микротрактор Amiga, кој го произведе калифорниската роботска компанија Farm-ng. Машината користи модел за длабинско учење и AI сет на податоци за креиран со помош на 700 фотографии од јајчени маси на овие инсекти за да ги идентификува и да ги уништи.

- Advertisement -

Овие инсекти се шират брзо и се хранат со разни билки и плодови, меѓу кои цитрон, јаболка, ореви итн. Само во Пенсилванија прават штета од 300 милиони долари годишно. TartanPest роботот може да биде многу корисен за малите фармери и поширокиот систем за исхрана.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: CMU)

Сподели!
- Advertisement -