ВИДЕО: Оваа апликација ви овозможува да гледате низ очите на некој што има Алцхајмер

- Advertisement -

Оваа апликација ве става на местото на некој што има Алцхајмер. Апликацијата имитира некои од секојдневните ситуации на болните од оваа болест и ви покажува како деменцијата може да ги изврти работите.

На пример, во една од ситуациите на кујната стои кутија со чај, а само што ќе се свртите ја снемува. Во друга ситуација се губите во еден лавиринт од мали улички. Понатаму, здогледувате купче вода на патот и одеднаш ви наликува на опасна дупка. А кога ќе влезете во супермаркет, на пример, работите поставени на рафтовите постојано се преместуваат, светлата на таванот се пресилни и не гледате ништо, а кога ќе стигнете на каса корпата ви е полна со погрешни продукти.

- Advertisement -

Апликацијата се вика “A walk through dementia”, а бесплатно ја направи компанијата за виртуелна реалност Visyon за организација за истражување на Алцхајмер со консултација со луѓе кои боледуваат од деменција и кои сакале луѓето околу нив да сфатат низ што поминуваат секој ден.

Апликацијата доаѓа со посебен картонски сет за виртуелна реалност, во којшто го поставувате вашиот телефон.

- Advertisement -

Од Алцхајмеровата боелст и другите слични болести годишно заболуваат над 55 милиони луѓе во светот, а се предвидува дека таа бројка ќе се дуплира на секои 20 години. Симтомите на оваа боелст се губење на памтењео, дезориентација, преосетливост на светлина, халуцинации и небјаснета желба за некоја храна

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -