ВИДЕО: Норвешки електричен крузер со нула емисија на гасови

- Advertisement -

За да одбележат 130 години постоење норвешката компанија Hurtigruten Norway го претстави својот прв брод за крстарење со нула емисија на гасови. Тоа воедно е и енергетски најефикасниот брод за крстарење во светот.

„Кога прв пат го најавивме проектот Sea Zero пред повеќе од една година се соочивме со предизвикот да не знаеме кои технологии ќе ни бидат достапни во 2030 година. Нашата задача беше да се поплочи патот до нови иновации и да се подобрат постоечките за да се усогласат со нашите цели за одрлживост. Иако некои од овие технологии достигнаа напредна фаза, уште има потреба од истражување и развој за да се осигура успешна имплементација во поморската индустрија. Од друга страна, некои се во рана фаза од развојот и бараат темелни истражувања и тестирања. После ригорозните студии за исводливост, одредивме кои технологии имаат најголем потенцијал за нашите револуционерни идни бродови за крстосување“ се вели во соопштението.

- Advertisement -

Идните бродови на Hurtigruten Norway ќе бидат електрични и ќе бидат опремени со батерии кои се полнат на пристаниште. Комбинацијата на батерии од 60 бегават-часа и технологија за ветрот ќе овозможи повеќе решенија кои денес не постојат на бродовите за крстосување.

Нивото на батеријата ќе се прикажува на надворешната страна на бродот, додека се очекува командниот мост, каде што капетанот и екипажот управуваат со бродот, да се намали и да наликува на тој во пилотската кабина на авионите. u kokpituaviona. Норвешката компанија за крстосување ќе користи AI модели за собирање информации за наефикасното паркирање и поаѓање од секое пристаниште, подобро управување со пристаништата во лоши временски услови итн.

- Advertisement -

На бродовите ќе има 1500 m² соларни панели и вкупна површина на едрата од 750 m², како и максимална висина од 50 метри кога се целосно подигнати. Аеродинамичната форма ќе резултира со најмал отпор на воздухот, ќе ја намали потрошувачката на енергија и ќе ја зголеми удобноста на патниците. Гостите ќе играат многу битна улога во намалувањето на потрошувачката на енергија преку интерактивна мобилна апликација со која ќе управуваат со вентилацијата во кабината, а ќе ја мерат и сопствената потрошувачка на вода и енергија.

Sea Zero е во фаза во која се испробуваат предложените технологии, се тестираат и понатаму се развиваат во потрага по конечниот брод со нула емисија на гасови.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Hurtigruten)

Сподели!
- Advertisement -