Conyro е босанска вештачка интелигенција која е посовршена верзија на ChatGPT

- Advertisement -

Босански девелопери ја направија првата домашна вештачка интелигенција наречена Conyro, која беше претставена минатиот викенд на Maker Faire Sarajevo.

Станува збор за нов начин на комуникација со ботови со вештачка интелигенција на интернет кои доста се разликуваат од ChatGPT и OpenAI платформата, кои веќе и се познати на јавноста. Conyro е босанска вештачка интелигенција која е резултат на еден вреден тим и е меѓу првите вештачки интелигенции на Балканот.

- Advertisement -

Тимот на Conyro работел на платформата 5 месеци и тоа откако виделе дека станбдардниот ChatGPT има одредени недостатоци. Затоа одлучиле да ја направат оваа платформа, која ќе биде полесна, подетална и поспецифична за користење.

Босанските девелопери велат дека нивната вештачка интелигенција е доста поспецифична и подетална во однос на ChatGPT.

- Advertisement -

“Ние прв пат ја претставивме јавно на саемот во Сараево. Луѓето не можеа да поверуваат, прашуваа кој не финансира. Но, секој од нас има фирма, се занимаваме со сопствени бизниси – од дигитален маркетинг, видеопродукција и самите се финансиравме“ велат од босанскиот тим.

Платформата работи на сличен принцип како ChatGPT, освен што Conyro има и своја база на информации кои би можеле да ги интересираат луѓето во БиХ.

- Advertisement -

“Ја имлементиравме во секоја фирма, на веб страници и во една компанија која се занимава со продажба на автомобили во вид на четбот кого луѓето можат да го прашаат кое е идеално возило, да кажат до која брзина сакаат да вози автомобилот, да споредат со други возила и сл“ додаваат девелоперите.

Велат дека нивни најголем успех досега се четботови програмирани да бидат експерти само за одредена струка, како на пример лекари.

Платформата Conyro е на босански јазик, но може да зборува и да преведува на странски јазици. Програмерите велат дека ја создале Conyro за да ја олесни и поедностави работата, а не да им ја земе работата на луѓето.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -