Акција за бесплатно приклучување на парно

- Advertisement -

До 31 август 2023 година, „ЕСМ Снабдување со топлина“ нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“.

Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор.

- Advertisement -

Потребно е сао да се поднесе писмено барање за приклучување на некој од пунктовите за потрошувачи, се вели во соопштението.

Од „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје посочуваат дека по завршување на акцијата, односно од 1 септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.

Сподели!
- Advertisement -