Граѓаните за еден час собраа повеќе од 10.000 евра на донаторскиот кружок на Конект

- Advertisement -

Конект: Граѓаните и компаниите сакаат да донираат, ние постоиме за тоа да го овозможиме

Вчера вечер се одржа четвртиот донаторски кружок во Брик Бар каде стотина граѓани поттикнати од компаниите за еден час здружено донираа 640.000 ден. Под мотото „Придружи се, испланирај, донирај!“ донаторскиот кружок на Конект веќе стана заедница од индивидуални филантропки и филантропи кои знаат дека со обмислено и паметно донирање можат да придонесат за суштинско решавање на проблемите.

- Advertisement -

„Има посебна енергија во здруженото донирање. Создава заедница на луѓе што делат вредности и решаваат самите да сторат нешто, наместо да чекаат решенија за проблемите да им дојдат од надвор. Донаторскиот кружок ни ја негува надежта во добрината на луѓето. Конект 15 години е алка на поврзување на донаторите со организациите што се двигатели за подобро општествоизјави Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

На настанот се вклучија и компаниите  ЕВН Македонија, Фармахем, Сава Пензиско друштво АД, Амбрела, Уника, Халкбанка, Везе Шари, БКС експорт импорт а се донираше за три граѓански организации со иницијативи за социјално претприемништво знаејќи дека тие се идеален модел за инклузивен и одржлив развој.

- Advertisement -

Организациите се претставија преку својот бизнис-модел кој овозможува подобар живот на лицата со попреченост и работно ангажираат лица што е многу тешко да се вработат и тоа:

  • „Здружение за афирмација на правата на лицата со попреченост Икуалити“ од Скопје.

На многу лица со попреченост, облеката што ја има во бутиците не им одговара. Кога си во количка облекувањето може да трае долго, а некогаш е потребна и помош. Се донираше за  „,ЗЕН Футурус“ – првата прототип колекција на приспособена, современа облека да ја носат 50 луѓе.

- Advertisement -
  • „Ековита“ од Неготино

Со декади искуство и експерти, ,,Ековита” создаде специјален, еколошки супстрат за едноставно одгледување на печурки. Тие може да се одгледуваат дома или во старата гаража. Во услови на економска криза ова е одлична можност за сите соочени со глад или безработица. Се донираше за 30 невработени млади да научат како да одгледуваат печурки и самите да си заработуваат.

  • „Здружение за лица со церебрална парализа и други попречености“ од Велес

На некои лица со попреченост им е потребна 24-часовна нега и живеење со поддршка. За да не бидат изолирани и заборавени од сите, здружението создаде 4 мали групни домови во Велес и Градско. Покрај потребната нега тие се оспособуваат да се вклучат во производството на креми, масла и чаеви од невен и лаванда. Се донираше за инклузија и достоинствен живот на 20 лица со попреченост.

Конект во периодот кој доаѓа ќе потпише договор за донација со организациите и ќе го следи нивното работење, а со донаторите ќе одржува редовна комуникација и ќе ги информира за реализацијата и постигнувањата од нивната донација. Донациите сè уште пристигнуваат. Сите заинтересирани граѓани и компании се повикуваат да пристапат на донаторскиот кружок. Обратете се во Конект на 02/3224 198 или на konekt@konekt.org.mk ипаметно вложете ја својата донација.

Донаторскиот кружок се организира во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од Конект.

Сподели!
- Advertisement -