SpaceX ја приземји ракетата Falcon 9 по јубилеен 200. пат

- Advertisement -

Компанијата SpaceX успешно го направи 200. спуштање со ракетата Falcon 9 и тоа во рамките на мисијата Transporter-8. SpaceX лансираше 72 мали сателити во орбитата на 13 јуни со помош на ракетата Falcon 9, која полета од калифорниската база за вселенски летови Ванденберг, а 8 минути подоцна првата фаза од ракетата се врати на Земјата и вертикално слета.

Тоа беше деветто ласнирање и приземјување на овој бустер, а вкупно 200. приземјување за SpaceX. Првата Falcon 9 ракета полета во декември 2015 година, а оттогаш компанијата ја приземјуваше ракетата после мисиите со кои беа испраќани астронаути во орбитата. Кратко после ласнирањето стигна и кратко соопштение од компанијата.

- Advertisement -

“Првата фаза од ракетата Falcon 9 слета во Landing Zone 4 и го одбележа 200. успешно слетување на ракета од орбитална класа за SpaceX”, се вели во соопштението.

Ракетата овојпат во орбитата однесе 72 парчиња товар, вклучувајќи ги и CubeSat сателитите, микросателити, капсула за повторно влегување во атмосферата и орбитални трансферни возила кои носат вселенски летала, а кои ќе бидат распоредени подоцна. Целосниот товар е распореден отприлика еден час осле лансирањето.

- Advertisement -

SpaceX во меѓувреме ја развива и масивната ракета Starship, која по прв пат беше лансирана во април. Наредното лансирање се очекува наскоро.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Eurasian Times)

Сподели!
- Advertisement -