На месечината на Сатурн откриено присуство на фосфор

- Advertisement -

Научници открија дека фосфорот, клучен составен елемент на животот на Земјата, се наоѓа во океан под ледената површина на месечината Енцеладус на Сатурн. Ова откритие е засновано на анализа на податоците кои ги собрала сондата Casini, на НАСА, а беше објавено денес во престижното списание Nature.

Сондата почнала да го истражува Сатурн и неговите прстени и месечини во 2004 година, пред да изгори во атмосферата на гасовитиот џин кога заврши нејзината мисија во 2017 година.

- Advertisement -

„Ова е неверојатно откритие за астробиологијата. Пронајдовме изобилство на фосфор во преимероците од ледот кој избива од подземниот океан“ велат од Југозападниот истражувачки институт.

Гејзерите на јужниот пол на Енцеладус исфрлаат ледени честички низ пукнатините на површината во вселената и со тоа напојуваат еден од прстените на Сатурн. Научниците претходно пронајдоа други минерали и органски соединенија во исфрлените зрна мраз, но не и фосфор, које суштински составен елемент на ДНК и РНК, а се наоѓа во забите на луѓето, на животните, па дури и во океанските планткони.

- Advertisement -

Со геохемиско моделирање претходно беше предвидено дека веројатно во ледот на Енцеладус ќе биде присутен и фосфор и тоа предвидување беше објавено, но едно е да се прогнозира нешто, а друго е да се потврди, велат научнциите.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -