Создаден синтетички човечки ембрион со репрограмирање на матични клетки

- Advertisement -

Научници создадоа синтетички човечки ембриони користејќи матични клетки. Ова е револуционерен напредок кој ја заобиколува потребата за јајце клетки и сперма. Научниците велат дека овие ембриони, кои потсетуваат на оние во најраните фази од човечкиот развој, може да помогнат за подобро сфаќање на генетските пореметувања и биолошките причини за спонтаните абортуси.

Меѓутоа, ова откритие исто така подига и некои сериозни етички и правни прашања затоа што одгледаните ентитети не спаѓаат во постојното законодавство во најголем дел од земјите. Структурите немаат срце кое бие или зачеток на мозок, но имаат клетки кои вообичаено би се претвориле во плацента, жолчно ќесе и во самиот ембрион.

- Advertisement -

Професорката Магдалена Зерничка-Гец од Универзитетот Кембриџ и Калифорнискиот институт за технологија го опиша трудот во своето пленарно обраќање пред Меѓународната организација за истражување на матични клетки во Бостон.

Нема краткорочни изгледи дека синтетичките ембриони ќе се користи за клинички цели. Би било незаконски да се всадат во матка на пациенти, а уште не е ни јасно дали овие структури имаат потенцијал да продолжат да созреваат после најраните фази од развојот.

- Advertisement -

Мотивацијата за овој труд е научниците да го сфатат периодот од развојот кој го нарекуваат црна кутија затоа што смеат да одгледуваат ембриони во лабораторија само до законското ограничување од 14 дена.

„Идејата е ако навистина го моделирате нормалниот човечки ембрионален развој со користење на матични клетки, можете да добиете многу информации за тоа како почнува развојот, што може да тргне на лошо, без да мора да се користат рани ембриони за истражување“ вели Робин Лоуел-Беџ, шеф по биологија на матични клетки и развојна генетика на Институтот Францис Крик во Лондон.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: ndla.no)

Сподели!
- Advertisement -