Социјалната мрежа TikTok, во соственост на кинески ByteDance, денес објави дека ќе инвестира милијарда долари во Југоисточна Азија во текот на наредните неколку години во рамките на планираното ширење на бизнисот на полето на интернет трговија.
Југоисточна Азија е регион со популација од 630 милиони луѓе, од кои половина се помлади од 30 години. Регионот е еден од најголемите пазари на TikTok по бројот на корисници, со над 325 милиони посетители месечно. Но, платформата допрва треба да ја претвори таа огромна корисничка база во главен извор на приходи од интернет трговија со оглед на жестоката конкуренција како платформата Shopee на сингапурската компанија Sea Limited, Lazadа на кинески Alibabа и Tokopediа во сопственост на индонезиски GoTo.
Ќе инвестираме милијарда долари во Индонезија и во Југоисточна Азија во наредните неколку гходини, откри извршниот директор на TikTok, Сноу Зи Чу. Компанијата не објави детали за планираната потрошувачка и наведоа дека ќе инвестираат во стручна обука, огласување и поддршка за малите доставувачи кои покажуваат интерес за нивната платформа за интернет трговија TikTok Shop.
TikTok во Југоистчна Азија има 8.000 вработени и 2 милиони мали трговци кои продаваат стока на нивната платформа во Индонезија, која е најголема економија во регионот. Трансакциите во интернет трговијата во Југоисточна Азија минатата година биле под нивото од 100 милијарди долари, а Индинезија е одговорна за над половина од таа сума, покажуваат податоците на консултантската компанија Momentum Works.
Вредноста на трансакциите на платформата TikTok лани во тој регион скокна на 4,4 милијарди долари од само 600 милиони долари во 2021 година. На платформата на Shopee изнесувале дури 49 милијарди долари, соопшти консултантската компанија.
(Zimo)
(фото: Flickr)