Преку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината во А1 Македонија

- Advertisement -

А1 Македонија и оваа година, трет пат по ред ја имплементира програмата за платена пракса, A1 WayUp. Повикот е отворен за 15 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а својата кариера сакаат да ја градат во А1 Македонија во една од следниве области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.

Практикантите од A1 WayUp имаат можност да започнат да го градат својот кариерен пат со работа на реални проекти заедно со искусните тимови во А1 од кои добиваат целосна поддршка во усовршувањето на своите знаења и можност да стекнат нови вештини.

- Advertisement -

На оваа тема зборуваме со Стефан Јовановски, раководител на оддел за човечки ресурси во А1 Македонија.

Во тек е повикот на А1 Македонија за 15 дипломци кои ќе имаат можност да го градат својот кариерен пат и да го збогатат своето знаење преку работа на реални проекти. Каков е одзивот досега?

Подготовките за започнување на третата генерација A1 WayUp се во тек. На 12ти јуни започна пријавувањето за сите позиции и можам да кажам дека имаме одличен старт и голем интерес за сите позиции. Ги охрабруваме сите оние кои имаат желба да работат на реални проекти и дигитализација, да се пријават.

- Advertisement -

Колку практиканнти досега биле дел од програмата ?

До сега имавме две успешни WayUp генерации, каде што 27 практиканти имаа можност да учат и да се развиваат во најразлични области, како: IT, Data Analytics, Marketing, Infrastructurе, Product Development, ICT.

- Advertisement -

Кои се условите што ги барате од кандидатите?

Програмата е наменета за дипломирани студенти и за оние кои се во последна година на факултет. Земајќи ги предвид работните задачи за позициите, пожелно би било да е тоа FINKI, FEEIT, Економски факултет или природно математички факултет. Дополнителни услови би биле да имаат желба и базично познавање на алатки за дигитализација на процеси и алати за анализа на податоци, како и основно познавање на некои IT системи.

Што добиваат избраните во оваа програма? 

Многу учење, знаење и развој. Пред се, станува збор за платена практикантска програма од 6 месеци, при што практикантите би ги имале сите бенефити како и вработените во А1 Македонија. Она што е од особена важност е дека ќе имаат можност да работат на реални проекти, со најнапредни технологии и алатки, секако со поддршка од менторите.

Од што се состои програмата?

Станува збор за платена практикантска програма, која би траела 6 месеци. Практикантите би биле ангажирани со полно работно време. На почетокот, би се фокусирале на формалното знаење на областа во која би работеле. Едукацијата се состои од формални обуки и работа на конкретни примери. Воедно, ќе бидат вклучени во работа на реални проекти дедицирани од нивните ментори и ќе имаат можност да учат курсеви и обуки обезбедени од наша страна.

Има ли можност практикантот да биде вработен и  кога најрано може да биде официјално вработен?

Идејата на секој практикантски ангажман во А1 е вработување. По истекот на шестиот месец, доколку практикантот покажал одлични резултати во текот на ангажманот и доколку се обезбедат услови, би следело вработување.

Дали практикантите работат со ментори?

Да, секој практикант ќе има ментор кој ќе го води низ сите процеси и активности.

Кој е крајниот рок за пријавување?

Пријавувањето започнува на 12 јуни и ќе трае се до 12 јули. Ги очекуваме апликациите на сите заинтересирани кандидати! J

Сподели!
- Advertisement -