Tрадиционалната модна ревија на студентите од ТМФ годинава е на тема „Автентичност“

- Advertisement -

По повод прославата на денот на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, студентите на Институтот за текстилно инженерство, под менторство на проф. Лидија Георгиева, за традиционалната модна ревија годинава работеа на темата АВТЕНТИЧНОСТ.

Преку нивните оригинални креации, меѓу кои и 3Д печатени дизајни, изработени за прв пат со помош на 3д принтерите во Ино Фаб Лаб – лабораторијата на институтот, се обидоа да размислат и да предложат одговор на современите дилеми на општеството.

- Advertisement -

Додека живееме во атмосфера на разни оптимистички и песимистички сценарија за неизбежниот импакт на вештачката интелигенција врз нашите животи, сакавме да се запрашаме што всушност значи и како ќе одредиме дека нешто е автентично или оригинално?

Како публика и како автори, сведоци сме на секојдневно објавување на текстови, музика, цртежи, фотографии и разни дизајни креирани од ВИ, па дали сме подготвени да ја прифатиме новата технолошка реалност која галопирачки напредува кон иднината?

- Advertisement -

Можеби од тука произлегува и нашата потреба одвреме навреме да престојуваме во комфорната прегратка на автентичната емоција. Но што всушност е тоа? Дали автентичноста подразбира некое место со свои локални карактеристики, идентитет, култура и гастрономија или е тоа личност, креација, приказна, која е целосно усогласена со својата вистинска природа? Дали во дефиницијата за нешто искрено може да се прифати и креација на вештачката интелигенција­? Според кои детали како дел од автентичноста се препознава  веродостојноста, вистинитоста?

Или сепак, можеби автентичноста значи дека сме доследни на сопствената природа, вредности и дух, без оглед на предизвиците. Кога сме искрени со себе и со другите, ја преземаме одговорноста за своите постапки – па така, нашите вредности, идеали и емоции се усогласени. А кога свесно ги дефинираме и истражуваме нашите вредности и емоции, тогаш го прифаќаме и реалниот и виртуелниот свет како еден, тогаш сме внимателни и кон другите, различни од нас.

- Advertisement -

Автентичните нешта се потребно добро, едноставно кажано, важно е да се ​​биде автентичен и важно е да се престојува во автентично место, тоа придонесува за нашата севкупна благосостојба, го поттикнува чувството на среќа и хармонија.

Па додека се прашуваме дали чет џипити е верна имитација на оригиналот и каде е вистината, можеме да откриваме секојдневни активности кои ќе ни го покажат патот кон автентичноста!

Сподели!
- Advertisement -