Стартап компанијата од Калифорнија, Varda Space Industries објави дека успешно го поставиле првиот сателит W-Series 1 во орбитата. Компанијата сака да почне масовно проиводство на материјали во вселената кои или не може да се произведат на Земјата или ќе се развиваат побрзо и поквалитетно во услови на микоргравитација.
Сателитот беше испратен во орбитата со мисијата Transporter-8 на SpaceX на 13 јуни. Сателитот W-Series 1 е поставен на една од платформите Photon на Rocket Lab, сателитско решение кое НАСА исто така го ангажираше за две мисии на Марс идната година.
Лансирањето на овој сателит е дел од тест кампањата на Varda да се утврди дали нивните сателитски решенија може да се користат за развој на фармацевтски проиводи во вселената.
Целта на компанијата е да овозможи масовно производство на одредени производи во вселената. Тиа главно ќе се овозможи со поголемата пристапност на вселената изминатите години благодарение на приватните компании кои вршат лансирања во вселената како што се SpaceX и Rocket Lab.
Работата на Varda се базира на научни истражувања кои покажуваат дека протеинските кристали одгледани во вселената може да формираат посовршени структури отколку тие произведени на Земјата, каде што процесот на формирање е под влијание на гравитацијата.
(Interesting Engineering)
(фото: Wikimedia)