Ова се градовите со најмногу милијардери во 2022 година

- Advertisement -

Овој месец Wealth X гхо објави својот годишен извештај за светската популација на милијардери. Користејќи ја платформата RelSci, Wealth X прегледал база на податоци од 11 милиони влијателни поединци и 1,8 милиони организации за да процени и да даде увид во тоа каде живеат милијардерите врз основа нтоа што користат како своја примарна деловна адреса.

Извештајот откри дека најбогатите градови биле дом на 29% од милијардерите во 2022 година. Речиси сите кои се најдоа на листата се големи светски градови.

- Advertisement -

Според извештајот, топ 10 градови со најмногу милијардери во светот се:

1.Њујорк
2.Хонгконг
3.Сан Франциско
4.Москва
5.Лондон
6.Пекинг
7.Лос Анџелес
8.Сингапур
9.Шенжен
10.Мумбаи

- Advertisement -

Њујорк е на врвот на листата со 136 милијрдери во 2022 година. Супербогатата популација на овој град изгубила двајца претставници од 2021 до 2022 година, но и понатаму е светска престолнина на милијардерите. Њујорк е дом на најголемите светски берзи, Њујоршката и Насдак, а се смета и за најголема регионална економија во САД.

Како и Њујорк, и Хонгконг имал сличен пад од само двајца милијардери – сега ги има вкупно 112. Според извештајот на Wealth X, иако портфолијата на богатството во Хонгкон биле нешто помалку изложени на променливата глобална економија, поделените политички случувања во регионот влијаат на тоа колку е привлечно за милијардерите таму да ги преселат своите нефинансиски бизниси. Според истражувањето ECA International, Хонгконг исто така се смета за една од најскапите локации за иселеници во светот.

- Advertisement -

Сан Франциско е на трето место со 84 милијардери или еден милијардер помалку отколку во 2021 година. Иако Сан Франциско изгуби еден милијардер, од 2012 до 2022 година забележал раст од 68% во својата популација на богати поединци, според извештајот на Henley & Partners. Според студијата која Wealth X и REALM ја направија во март, во Сан Франциско постои по еден ултрабогат човек на секои 505 жители.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -