80.000 евра ако се преселите на оддалечен ирски остров

- Advertisement -

Ирска сака да го зголеми бројот на жители во оддалечените заедници и острови и затоа го стартуваше проектот наречен „Нашите живи острови“ („Our Living Islands“). Во рамките на проектот, на заинтересираните луѓе им нуди до 80.000 евра ако се преселат на некој од оддалечените острови.

Ирска избра 23 острови од кои ниеден не е поврзан со копното со постови, на кои владата ќе им плаќа на луѓето да живеат. Но, великодушната поддршка од 80.000 евра мора да се искористи за обнова на градбите на земјиштето, како што е илозација, структурни подобрувања и преуредување.

- Advertisement -

Кампањата стапува на сила на 1 јули, а за да ги исполнат критериумите потенцијалните жители мора да купат и да поседуваат недвижност на еден од избраните острови. Зградите мора да се изградени пред 1993 година и мора да бидат празни најмалку 2 години.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Elevation Maplogs)

Сподели!
- Advertisement -