Бимилк и ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола со забава и дружење по повод свеченото отворање на детската креативна патека во Битола

- Advertisement -

Бимилк, водечката компанија за млеко и млечни производи што посветено работи на промовирање на здравјето на децата, вчера заедно со ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола ја презентираа детската креативна патека до Битолското детско игралиште, лоцирано во Градскиот парк во Битола, што е исто така инвестиција на оваа компанија од минатата година.

Детската креативна патека нуди единствено искуство дизајнирано да ги вклучи сетилата на децата и да ја поттикне нивната љубопитност. Додека се движат низ патеката, децата ќе наидат на низа интерактивни елементи што ќе ги охрабрат да истражуваат, учат и да ги развиваат своите когнитивни способности. Бимилк за овој проект соработуваше со ЈОУДГ „Мајски цвет“ за заедно да создадат детска креативна патека што ќе ја плени имагинацијата на младите умови.

- Advertisement -

„Посебно задоволство е да се види како една идеја да се создаде место за безгрижна детска игра и смеа, расте и созрева во она што денеска го имаме тука, заедничко фамилијарно место за сите нас. Започнавме од иницијативата со Битолското детско игралиште да се придонесе за поттикнување на здравиот раст и развој на децата и да се поттикнат здрави животни навики. Со отворањето на оваа детска креативна патека, ја продолжуваме и прошируваме нашата цел да им создадеме на децата место за слободно и среќно растење и со ова Бимилк оди уште еден чекор понатаму во својот придонес за создавање можности и поттикнување на здравиот развој и благосостојбата на децата, истакна Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер на Бимилк.

На овој значаен ден, исто така го прославуваме и патрониот празник на градинката „Мајски цвет“. Голема благодарност до сите родители за овие прекрасни и креативни изработки направени со амбалажа од производите на Бимилк. Навистина се изненадивме од вашата креативност и од можноста да се направат толку оригинални и различни рачни изработки. Особено сакам да им се заблагодарам и на вработените на детската градинка „Мајски цвет“ за нивните идеи, прекрасно изработените цветови, посветеноста и работата во врска со организацијата за овој настан, како и за нивното несебично вложување во секојдневната работа со нашите најмили, и на целиот тим во позадина кој обезбедува најдобри услови за нивно згрижување. Сѐ за децата, децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина. Ние секојдневно се стремиме да бидеме градинка во која децата доаѓаат задоволни и заминуваат збогатени со нови доживувања, искуства и знаења“, изјави Кристина Лајмановска, директор во ЈОУДГ „Мајски цвет“ Битола.

- Advertisement -

Покрај прекрасното искуство за децата, ЈОУДГ „Мајски цвет“ на вчерашниот настан оствари уште една цел и ја прошири својата поддршка на заедницата преку значаен напор за собирање финансиски средства. Во рамките на одбележувањето на свеченото отворање, беа достапни за купување изработки од амбалажата од производите на Бимилк создадени од децата во ЈОУДГ „Мајски цвет“. Приходите од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарна поддршка на дете од Битола.

Бимилк продолжува да биде компанија длабоко посветена на промовирање на здравјето и благосостојбата на децата. Оваа детска креативна патека ќе служи како порта за имагинација и откривање преку која ќе ја искусат убавината на природата и ќе ги развијат своите когнитивни и сензорни способности, негувајќи го нивниот раст во средина што поттикнува учење преку игра. Ова е само уште еден поттик за сите заедно како општество, да создадеме магични моменти, да ги поддржиме оние на кои им е потребно и да инспирираме посветла иднина за нашите млади.

Сподели!
- Advertisement -