Халки крeативни работилници за време на летниот распуст во Музеј на Град Скопје

- Advertisement -

Шест тематски работилници за развој на креативноста кај децата ќе се рeализираат летово во Музејот на Град Скопје. Под слоганот „Халки шарено лето“, Халкбанк АД Скопје и ова лето се погрижи најмладите да добијат можност да учествуваат на интересни активности кои во исто време ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења.

Летниот распуст е одлична можност, дел од слободното време, децата да го искористат за да направат мозаик, да креираат свои сликовници, да работат сценографија, модерни танци, да се запознаат со тајните на фотографијата и магијата на хартијата. Можеби најважно, да се дружат со своите врсници и да заборават на таблетите и мобилните телефони.

- Advertisement -

Навистина сме среќни што под брендот Халки веќе неколку години по ред реализираме низа проекти наменети токму за децата и преку креативни работилници, работилници за поттикнување на читањето и слични активности го поддржуваме нивниот развој. Важно е во какво општество растат нашите деца, но исто толку важно е да ја развиваме нивната креативност и да создаваат навика за читање и креативно изразување“, вели Маја Наумовска Савевска од Халкбанк.

Концептот се состои од шест работилници на посебни теми при што секоја активност ќе биде прилагодена според возраста за која е наменета. Дел од темите на работилниците се: „Создаваме ритам за танцување“, „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“, „Халки фото авантура“, „Хартијата што зборува“.

- Advertisement -

„Халки шарено лето“ ќе се реализира во попладневните часови, во текот на летото, почнувајки од следната среда, 28 јуни. Времетраeњето на една работилница е два часа, а децата ќе бидат водени од врвни професионалци во областа. Работилниците се реализираат во соработка со Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“.

Сите работилници ќе се објавуваат на официјалната Фејсбук страница на Халки детско штедење, каде што родителите ќе можат да ги пријават своите деца за учество, бидејќи бројот на учесници ќе биде ограничен.  

Сподели!
- Advertisement -