Десетина светски лидери ќе се состанат во Париз на самитот кој има за цел постигнување нов консензус за меѓународните економски реформи кои би помогнале на земјите во развој оптоварени со долгови да се соочат со растечки предизвици, посебно климатските промени.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека целта на Самитот за нов глобален финаниски договор е да се најдат решенија за меѓусебно поврзување на глобалните цели во борбата против сиромаштијата, сузбивањето на емисијата на гасови кои ја загреваат планетата и заштита на природата.
Макрон е домаќин на состанокот со премиерката на на Барбадос, Миа Мотли, која е силен заговорник за повторно осмислување на улогата на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во борбата со климатските промени.
Економиите последната година беа погодени од постојани шокови, вклучувајќи ја пандемијата, руската инвазија врз Украина, инфлацијата, долговите и растечките трошоци поради временските непогоди предизвикани од глобалното затоплување.
Активистките за климатски промени Грета Тунберг и Ванеса Накате исто така ќе бидат во француската престолнина.
Француската престолнина во текот на дводневниот самит ќе биде платформа за идеи пред да се одржат големи економски и климатски состаноци во наредните месеци.
Една од можните најави е дека ќе биде исполнето ветувањето од 2009 година дека сиромашните земји ќе добијат 100 милијарди долари годишно за климатските промени до 2020 година,иако со три години задоцнување.
(N1)